Тилерсон: САД не ја исклучуваат можноста за директни преговори со Северна Кореја

Од:

САД не ја исклучуваат можноста за директен дијалог со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

– Јасно е дека тој е начинот на кој сакаме да го решиме прашањето, посочи Тилерсон.

Тој додаде дека властите во Пјонгјанг треба да бидат подготвени да ја разгледаат перспективата за враќање на Корејскиот Полуостор во зона ослободена од нуклеарно оружје.

– Нашата цел и иста како таа на Кина – Корејскиот Полуостров да биде без нуклеарно оружје. Ние веќе го исполнивме својот дел, го повлековме нуклеарното оружје од Полуосторовот. Време е Северна Кореја исто така да го отстрани оружјето, наведе Тилерсон.

Тој додаде дека целта на САд не е смена или соборување на власта на Северна Кореја туку обединување на Корејскиот Полуостров.

– Целта ни е нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров, истакна Тилерсон.

Би можело да ве интересира

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити