Тилерсон: САД ќе останат во Ирак до целосно уништување на заканата од ИД

Од:

САД ќе го задржат своето воено присуство во Ирак се додека не биде целосно отстранета заканата од страна на терористите од групата Исламска држава (ИД), изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во интервју за арапската телевизија „Ал Хура“.

Тилерсон рече дека главната цел на САД во Сирија е целосно уништување на ИД, но Вашингтон исто така не сака да дозволи конфликт меѓу другите сили на територијата на земјата.

– САД не сакаат продолжување на граѓанската војна во Сирија. Затоа, присуството на Соединетите Американски Држави треба да стане стабилизирачки фактор кој ќе придонесе за женевскиот преговарачки процес под покровителство на ОН. Овие преговори ќе му овозможат на сирискиот народ да го напише својот нов устав и да спроведе фер и слободни избори, додаде шефот на американската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина