Тилерсон: Победата над ИД е задача број еден на САД во Блискиот Исток

Од:

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон истакна денеска дека победата над Исламската држава е цел број еден на Вашингтон во Блискиот Исток.

При говорот пред претставниците на 68 држави од меѓународната коалиција против ИД во Ирак, тој наведе дека задача во следната фаза на борбата против џихадистичката група е „регионална елиминација преку воена сила“.

На средбата во Стеј департментот првиот дипломат на САД нагласи дека неговата земја ќе го зголеми притисокот врз ИД и Ал Каеда и ќе вложи напори за создавање на „привремени мировни безбедносни зони“ за да можат бегалците да се вратат во домовите во следната фаза за уништувањето на групата по места.

Тилерсон не наведе каде ќе бидат создадени безбедносни зони.

Би можело да ве интересира

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

Најмалку седум лица се повредени денеска во напад со нож во Вашингтон

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“