Тилерсон го осуди севернокорејскиот ракетен тест

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го осуди денешниот севернокорејски ракетен тест, нагласувајќи дека е „разочаран и вознемирен“ од фактот што Северна Кореја се почесто врши тестирања на балистички ракети.

– Продолжувањето на овие тестирање се вознемирувачки и ќе се обидеме тие да бидат запрени, изјави Тилерсон за телевизијата Фокс.

Тој најави дека Вашингтон подготвува кампања за економски и дипломатски притисок врз Пјонгјанг, со цел земјата да се откаже од тестирањето на ракети и од развојот на нуклеарна програма.

– Се надеваме дека Севернокорејците ќе ја сфатат пораката дека продолжувањето на програмата за производство на нуклеарно оружје не е патот кој води кон безбедност, а уште помалку кон просперитет, рече Тилерсон.

Северна Кореја денеска изврши ново тестирање на балистичка ракета со среден дострел. Тоа е 11 севернокорејски ракетен тест од почетокот на годината. Лани севернокорејските власти извршија дестина ракетни тестови и две нуклеарни проби.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД