Тикрит: Иран е клучен во битката за ослободување на градот од ИД

Од:

Би-Би-Си (редакција на Персиски јазик)

Ирачките и шиитиски милиции се обидуваат да го преземат градот Тикрит од Исламска држава, клучната улога на Иран во кампањата станува се појасна

Извори на шиитските милиции во Ирак потврдија дека генерал Касем Солејмани, команданотот на Кудс силите при иранскиот Корпус на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ) лично учествува во раководењето со операцијата.

Градот Тикрит, кој се наоѓа на 150 киломери северно од Багдад, беше окупиран од ИД повеќе од осум месеци и офанзивата за негово заземање беше објавена во неделата од ирачкиот премиер Хајдер ал Абади. Ирачката армија и безбедносните сили, заедно со групи од шиитските милиции кои себеси се нарекуваат единици за Народна мобилизација, напредуваат кон Тикрит од неколку правци.

Извори од теренот за Би-Би-Си на Персиски јазик изјавија дека бројни ИРГЦ офицери биле вклучени на командно ниво пред операцијата официјално и да започне.

Иранските власти сеуште официјално не коментирале, но иранската новинска агенција Фарс, за која се смета дека е многу блиска со Револуционерната гарда, исцрпно известува за улогата на генерал Солејмани во операцијата.

Тие дури објавија и фотографија која го покажува генералот помеѓу ирачки команданти и високи владини претставници, за која се вели дека е снимена околу Тикрит.

Посветеноста на Иран

Една од групите во единиците на Народната мобилизација е Сараја ал Коросани (бригадите Коросани), кои се претставуваат дека се под команда на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи.

Командант на бригадите за Би-Би-Си на Персиски јазик изјави дека иранските сили под команда на ген. Солејмани ги обучувале и морално ги подготвувале ирачките шиитски борци долго пред операцијата да започне.

Иако Иран беше изоставен од САД и сојузниците кога ја формираа коалицијата против ИД минатата година, нејзиното директно вклучување во борбите против милитантите на ИД беше навестено долго уште пред коалицијата да биде формирана.

Од минатото лето, бројни групи од шиитиските милиции се појавија во Ирак и отворено ја искажаа својата наклонетост кон Иран, и самите се претставија као следбенци на ајатолахот Али Камнеи.

Ирански високи претставници секогаш истакнувале дека нивната држава им помага на курдските и шиитиските сили да го повратат градот Амерли од рацете на ИД преку заедничка операција.

За време на битката за Амерли, Би-Би-Си на Персиски јазик ги виде оружјето и муницијата кои беа испратени од Иран за воените сили.

Ген. Солејмани е познат влијателен ирански лик и бил вклучен во Ирак уште од кога борбите против ИД почнале.

Сега, ако операцијата за слободување на Тикрит доведе до успех, тогаш тоа ќе биде победа за Иран и нејзината војска на теренот, и можат да си ја додадат етикетата „освојувачи на родниот град на нивниот стар непријател, поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин“.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он