Тихановскаја: Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија

Од:

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја го повика францускиот претседател Емануел Макрон да биде „посредник, кој е многу потребен“ за решавање на кризата во Белорусија.

– Многу ни е потребен посредник за да го спречиме натамошното пролевање крв. Макрон би можел да биде тој посредник и да влијае врз рускиот претседател Владимир Путин, со кого е во добри односи, истакна Тихановскаја.

Таа побара средба со Макрон, кој денеска и утре престојува во Вилнус.

Главната противничка на Александар Лукашенко на изборите замина во Литванија веднаш по гласањето.

Белорусија ја зафати политичка криза по претседателските избори, кога во земјата започнаа масовни антивладини протести, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 отсто гласови.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“