Тримесечната контраофанзива на Украина е неуспешна, и покрај помошта што НАТО му ја дава на Киев, изјави за Спутник советникот на в.д. шефот на ДНР, Јан Гагин.
Тој потсети на мапата на воени операции што претходно на социјалните мрежи ја објави една од државните структури на Украина. На таа слика со зелено се означени населбите долж линијата на фронтот кои наводно украинските војници ги зазеле за време на контраофанзивата. Меѓутоа, по некое време, сликата беше избришана „поради исмејувањето на самите Украинци“, рече Гагин.
Тој изјави дека сите обиди на вооружените сили на Украина да извршат контраофанзива во изминатите три месеци биле залудни.
„Притоа, загинаа 70.000 украински војници. Дали вредеше? Тоа треба да му покаже на народот на Украина како се трошат човечките и материјалните ресурси, колку украинскиот режим не се грижи за народот. Вооружените сили се сили – во однос на активна одбрана, овие три месеци ја браневме практично целата линија на фронтот, во кои Украина крајно агресивно ги искористи сите свои капацитети и практично сите можности на НАТО блокот. Тие не само што користеа опрема на НАТО, туку таму се присутни и нивните средства за извидување: сателити, извидувачки авиони, платеници и команданти на земјите од НАТО.И покрај сето тоа тие не постигнаа никаков успех“, оценува Гагин.
Како што додаде, вооружените сили на Русија ја држат линијата на фронтот, додека во областа Авдејевка и Купјанск напредуваат.