Тибетскиот политички затвореник Јигме Гјатсо ослободен по 17 години минати во затвор

Од:

Кина го ослободи познатиот политички затворник од Тибет Јигме Гјатсо по 17 години минати во затвор заради загрозување на националната безбедност и сепаратизам, изјави портпаролот на самопрогласената влада на Тибет во егзил во Индија, пренесе Радио Слободна Азија.

Поранешниот монах Гјатсо (52) се врати во родниот град во етнички тибетската област од провинцијата Гансу, на северозапад на Кина, потврди портпаролот Таши Пунтоск, додавајќи дека тој е ослободен една година порано, веројатно заради лошото здравје кое му е нарушено од тешките услови во затворот.

Радио Слободна Азија информира дека Гјатсо изгледал „многу слабо“ кога вчера се вратил дома, два дена откако бил ослободен од затворот во близина на тибетската регионална престолнина Ласа, каде казни издржуваат голем број политички затвореници.

Радиото наведе дека пријателите на Гјатсо изјавуваат дека тој оди со бастум и дека се жали на проблеми со срцето и видот, како и на други физички проблеми заради лошата исхрана или недостатокот на лекарска помош во затворот.

Американските медиуми, меѓутоа, наведуваат дека за сега не се во можност да ја потврдат информацијата за неговото ослободување.

Јигме Гјатсо е еден од најпознатите политички затвореници во Тибет  и многу организации, вклучувајќи ги и Амнести интернешенел и Европската унија, го бараа неговото ослободување.

Тој беше уапсен во 1996 година и осуден на 15 години затвор заради „поттикнување на сепаратизам“ и „водење контрареволуција“ (која во меѓувреме беше укината како кривилчно дело).

Казната во 2004 година му беше продолжена за уште три години заради извикување во затворот на пароли за поддршка на тибетскиот духовен лидер Далај Лама, кој бребега во Индија.

Би можело да ве интересира

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе

Во лавина во Тибет загинаа 20 лица, осум се водат како исчезнати

А1он

Членови на движењето „Free Tibet“ се обидоа да го прекинат палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија

САД: Ќе воведеме санкции за Кина ако Пекинг се меша во изборот на Далај Лама

Жарко Настоски

Силен земјотрес регистриран во Тибет

Ана Ололовска

Далај Лама: Човештвото има потреба од единство

Ана Ололовска