Тешки загуби во Украина: нема крај, ова е самоуништување

Од:

Украинското општество ги покажува сите знаци на воен замор, а војниците на фронтот се надеваат на прекин на огнот и покрај решеноста на владата да ја продолжи борбата, пишува „Економист“.

„Јавното расположение е мрачно“, пишува британскиот неделник, посочувајќи на големите загуби што ги претрпеа украинските војници за време на долгонајавуваната офанзива.

Јавноста се повеќе го доживува конфликтот како „војна на која не и се гледа крајот“ и против своја волја го плаќам со пари или со крв“, се наведува во написот и се додава дека оние кои се желни за борба „доброволно одамна се пријавиле“, па Киев сега е принуден да ги „регрутира главно оние што не сакаат“.

„Тоа ја прави атмосферата толку тешка што навистина може да се почувствува во воздухот“, изјави за весникот активист кој ги поддржува украинските војници. Како што цената за продолжување на конфликтот станува очигледна, „дури и надежта за успешна контраофанзива стана чин на самоуништување“.

„Економист“ наведува дека украинските борци го делат истото мислење, мислејќи на интервјуто со снајперистот Константин Прошински, кое стана популарно меѓу украинската јавност на почетокот на овој месец.

Прошински тврди дека неговите колеги немаат „апсолутно никаков проблем“ со идејата за примирје со Русија.

„Не зборувам во име на сите, но не верувам дека во тоа сценарио војската би отишла во Киев за да ја собори владата“, изјави тој за локалните медиуми.

Војникот ја означи максималистичката цел на претседателот Володимир Зеленски за враќање на целата земја за која Киев тврди како своја, вклучително и Крим, како „популизам на самоуништување“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск