Тешки борби меѓу лојалистите и пучистите во Бурунди

Од:

Во главниот град на Бурунди, Буџумбура од ноќеска се водат броби меѓу припадници на армиските сили, кои му останаа лојални на претседателот Пјер Нкурузиза и на приврзениците на пучистите, во услови на конфузија околу успехот на воениот удар против актулениот претседател

Пукотници и експлозии се слушаат од делови во градот каде се наоѓаат претседателската палата и главната радио и телевизиска станица во Бурунди.Борбите меѓу двете страни почнале во текот на ноќта и продолжиле и во утринските часови.

Началникот на Генералштабот на армијата, Приме Нијонгабо, изјави дека воениот превртат не успеал, но претседателот Нкурузиза вчера не можеше да се врати во земјата, па тој мораше да остане во Танзанија, каде учествуваше на Самитот на источноафриканските држави, посветен на ситуацијата во Бурунди.

Високи армиски офицери, кои вчера соопштија дека му ја откажуваат лојалноста на актуелниот претседател подоцна не дозволија тој да се врати во земјата. Водачот на побунетата група, генерал мајорот Годефонд Нијамбарех наредил да се затвори аеродромот во главниот град Буџумбура, па сега не се знае каде се наоѓа претседателот.

Соопштението на Нијамбарех, објавено преку една радио станица дека е извршен воен удар во земјата, беше воодушевено поздравено од населението на главниот град на земјата, кое три недели протестираше против намерата на претседателот Нкурузиза да си обезбеди и трет претседателски мандат, иако Уставот тоа не го дозволува.

Лугето се радуваа по улиците прославувајќи ја „победата„ но уште тогаш беше јасно дека пучистите не ја имаат контролата врз сите припадници на армиските сили. Лојални на претседателот, му останаа војниците кои ја чуваат претседателската палата и ја имаат под контрола, зградата на државноиот РТВ центар.

Според воени извори, во текот на ноќта преговарале претставници на силите лојални на претседателот и на пучистите, во обид да се најде компромисно решение за излез од сегашната конфузија и за да се спречи ескалација на ситуацијата, но очигледно е дека не успеале во тоа. Уште во текот на преговорите дошло до пресметка на лојалистите и приврзениците на пучистите.

За водачот на пучистичките сили, генералот Нијамбарех се вели дека е поранешен раководител на разузнавачката служба и некогашен сојузник на актулениот претседател.

Цели 12 години во Бурунди траеше граѓанска војна во која загинаа или беа убиени повеќе од 200 илјади луѓе.Војната заврши во 2005 година, со потпишување мировна спогодба. Пјер Нкурузиза кој беше водач на бунтовниците, тогаш првпат беше избран за претседател.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он