Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Од:

Двајца 18-годишници загинаа откако автомобил се преврте денеска во полскиот град Челм. Во автомобилот имало 10 лица на возраст од 16 до 19 години. Возачот бил пијан. Според полските медиуми, трагичната несреќа се случила околу четири часот. Возилото излетало од патот, удрило во столб за светло и во ограда, по што се превртело.

Возачот, кој возел под дејство на алкохол, бил приведен од полицијата по излегувањето од болница.

Двајца 18-годишни патници починаа на местото на несреќата додека останатите биле свесни по несреќата и биле пренесени во болница на прегледи. Сите тие потекнуваат од областа Челм, соопшти полицијата, како што пренесува Полсат њуз.

„Прелиминарната причина за несреќата е преголемата брзина. Ќе утврдиме со која брзина возел возачот“, додаде полицијата.

Полицијата под надзор на обвинител ги истражува деталите за несреќата. На местото на настанот е и експерт за сообраќајни незгоди.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Варшава најавува пресметка со Москва околу „советската доминација“

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски