ВИДЕО: Тешка 25 килогрaми, мора да јаде на 15 минути за да остане жива

Од:

23 годишната студентка од Тексас, Лизи Веласкез тешка е 25 килограми (висока 1,55) и има речиси нула проценти масти во телото, но не е анорексична. Всушност, таа мора да јаде на секои 15 минути за да остане здрава.

Лизи страда од ретка состојба и сеуште нема довбиено дијагноза, поради што не може да добие некој килограм повеќе иако јаде и по 60 оброци на ден. Таа дневно во организмот внесува од 5.000 до 8.000 калории, но никогаш не била потешка од 26, 7 килограми.

„Јадам на секои 15-20 минути да ја одржам енергијата на телото. Мојот стомак е мал па земам порција грицки, бонбони, пица, пилешко, колачи, сладолед, кнедли и пита речиси целиот ден и многу се потресувам кога луѓето ќе речат дека сум анорексична“, вели Лизи.

Поради својата тежина имала проблеми, посебно во училиште, каде што децата ја задеваа, а вчера на „Јутјуб“ е прогласена за „најгрдата жена“ на светот.

„Се чувствував како чудовиште, се присетуваа Лизи на своите први училишни денови. „Никогаш на никој не сум му кажала како се ме нарекуваа бидејќи се срамев. Плачев навечер, додека се бањав во кадата“, вели таа.

Лизи е родена пред време, со 1, 2 килограми. Лекарите рекле дека во стомакот на нејзината мајка имало премалку плодова вода.

За случајот се заинтересираа и многу светски лекари, а професорот Абиманју Гарг, од Универзитетот Тексас верува дека девојката страда од синдром на неонатална прогресија, кој предизвикува предвремено страеење, губиток на масти и дегенерација на ткивото.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи