Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Од:

Неколку затвореници, припадници на терористичката група Исламска држава (ИД) побегнаа од градскиот затвор во Рака, кој е под контрола на Курдите. Ова денеска го објави ТВ Ал Хадат, што емитува од Дубаи. Меѓу нив е и еден од водачите на групата и двајца негови помошници.

Борците на курдските демократски сириски сили ја блокираа областа околу затворот од сите страни и ги пребаруваат станбените области во потрага по затворениците кои избегаа.

На 20 јануари, приврзаниците на ИД се побунија во затворот Ес-Синаа на периферијата на Хасеке, каде што беа задржани повеќе од 3.500 затвореници, вклучително и платеници кои се бореле од редовите на терориститете. Ним им помогнаа борците кои влегоа во градот и активираа два автомобил-бомби пред влезот на затворот за да го олеснат бегството на затворениците. Курдските сили спроведоа воена операција поддржана од американски беспилотни летала за да го задушат бунтот. Притоа 370 терористи биле убиени, а 120 борци биле убиени од Курдите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати