Најмалку пет луѓе се повредени откако непознат маж со автомобил се обидел да влета меѓу луѓе на улица во Едмонтон во Канада.
Полицијата соопшти дека случајот го третира како терористички напад.
Патрола на полицијата запрела автомобил при рутинска контрола, но осомничениот побегнал и со возилото се обидел да удри во пешаци. Потоа се нож нападнал еден полицаец и побегнал. Дел од очевидците тврдат дека во автомобилот имало знаме на ИД. Полицијата покрена антитерористичка истрага.