Тереза Меј : Велика Британија мора да го избрише антисемитизмот на својата територија

Од:

Британскиот мнистер за внатрешни работи Тереза Меј изјави во Лондон дека „мора да се направи се што е потребно за да се избрише антисемитизмот во Велика Британија“.

Според Меј, нападот во Париз врз супермаркетот за кошер храна, претставува „страшно потсетување“ за антисемитизмот во Франција, но и во Велика Британија, признавајќи го постоењето на антисемитистичките предрасуди на британската територија.

– Не мислев дека ќе се соочам со моментот, кога членови на Еврејската заедница, ќе се плашат да останат да живеат во Велика Британија, рече Меј.

Таа посочи дека ваквата состојба налага преземање на неопходни мерки за отстранување на антисемитизмот од британската територија.

Неговото постоење не е новина,па полицијата потврди дека безбедносните власти се „вистински загрижени“ од ризикот што постои за Евреите во земјата.

Британската полиција веќе објави дека ја разгледува можноста за зголемување на бројот на патролите во „клучните реони“ во земјата, откако еврејската заедница изрази загриженст за својата безбедност по засилената антисемитистичка активност на екстремистистите, како и по анти-семитистичката реторика во британското општество и ширум Европа.

Лондонските медиуми објавуваат дека министерот за локална самоупрва и етнички заедници Ерик Пиклс им испратил писма на муслиманските лидери,во кои ги повикува да помогнат за да се објасни и за да се покаже како верувањето во исламот може да биде дел од британскиот идентитет.

Изјавата на Меј е примена со задоволство во еврејската заедница. Вивиен Вајнман која е претседател на Бордот на заедницата изјави дека Евреите во Велика Британија треба да бидат загрижени поради терористичките закани, но дека тие не се растревожени поради тоа.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца