Тереза Меј вечерва во Стразбур

Од:

Премиерот на Велика Британија, Тереза Меј, вечерва ќе треба да пристигне во Стразбур со цел да постигне компромис за Брегзит, кој ќе им дозволи на пратениците да го усвојат договорот за излез од ЕУ, изјави ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковенеј, јави дописникот на МИА.

– Преговорите се во тек. Многумина се надеваа дека во оваа фаза ќе имаме појаснување, особено пред утрешното гласање. Но, тоа се уште не се знае, изјави Ковенеј за новинарите.

На веб страницата на ЕП во Стразбур, каде вечерва започнува сесијата, нема никаква информација за евентуалното пристигнување на британската премиерка.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година