Британската премиерка Тереза Меј продолжи со промените во нејзината Влада, откако денеска од должноста го разреши државниот министер за култура Ед Вејзи, кој беше еден од најблиските соработници на нејзиниот претходник Дејвид Камерон.
Како што јавија британските медиуми, Даунунг Стрит 10 соопшти дека Вејзи „ја напиштил Владата“.
Вејзи, кој е и пријател на Камерон, беше разрешен од должноста, откако претходно беа сменети уште две блиски соработнички на претходниот британски премиер, државната министрека за труд и пензии, баронесата Розалинд Мирјам Олстман и државната министерка за бизнис Ана Соубри.
Соубри беше и еден од најактивните учесници во кампања за останување на Велика Британија во ЕУ пред референдумот од 23 јуни.
Меј, која ја презеде премиерската должност во средата, веќе четврти ден врши промени во составот на нејзиниот Кабинет, при што први на удар на смените се најдоа функционерите од вториот владин ешалон.