Тенк, топ и торпедо дел од приватната колекција на еден Германец

Од:

Припадници на германската армија вечра повеќе од девет часа се обидувале да ги извлечат оружјата од Втората светска војна, кои биле дел од пруватната колекација на еден жител на елитната населба Хајкендорф во близина на градот Кил во северна Германија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, приватниот колекционер, меѓу другото, поседувал и еден тенк „Панцер“ тежок 40 тони, топ со калибар од 8,8 сантиметри и торпедо што го користеле германските подморници во Втората светска војна.

Оружјата биле чувани во гаража на неколку нивоа, а биле пронајдени по темелната истрага на имотот на колекционерот, кој изградил посебни дрвени рампи, а температурата ја одржувал на соодветно ниво за да се избегне корозија.

Трите видови оружје кои се во исправна состојба, а веќе не ги користи ниту една армија во светот, се префрлени во воената база Путлос.

Против колекционерот кој илегално држел во сопственост опасни примероци на старо оружје, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски