Телото на амбасадорот Карлов ќе биде транспортирано во Москва

Од:

Телото на вчера убиениот амбасадор на Русија, Андреј Карлов денеска ќе биде транспортирано во Русија.

На аеродромот е планирана церенонија со ограничен број на учесници, претставници на дипломатскиот кор и на турски претставници.

Амбасадата на Русија соопшти дека ќе предложи Карлов да биде одликуван со државна награда.

– Нападот го сметаме за провокација со цел да се поткопа процесот на нормализација на билатералните односи, како и во голем степен да не се дозволи ефективна борба против тероризмот во Сирија, истакна портпаролката на Амбасадата, Ирина Касимова.

Синоќа во Руската амбасадата сочувство изразија турскиоит заменик-премиер Ертугрул Тјурке, и замениците-министри за надворешни работи Ахмет Јилдаз и Јумит Јардам, поранешен амбасадор на Турција во Москва.

Би можело да ве интересира

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент