Тело на доставувач пронајдено во ќеси со ѓубре: Се јави на повик не знаејќи дека ќе биде убиен

Од:

Триесетгодишниот Оскар Солис од Флорида е уапсен во понеделникот и прелиминарно обвинет за грозоморното убиство. Тој е осомничен дека прво го ограби доставувачот на храна Рандал Кук, а потоа го уби и му го распарчи телото.

Инспекторите ги открија останките на жртвата во ќеси за отпадоци во домот, рече шерифот на округот Паско, Крис Ноко, на прес-конференција во вторникот.

Солис се обиде да ја ограби жртвата и на крајот ја уби. Ниту едно друго лице не било во домот на Солис во моментот на убиството. Жртвата и Солис не се познавале – стои во полициското соопштение.

Подоцна, посмртните останки на Кук беа пронајдени во домот на Солис во вреќи за ѓубре и ладилник. Во една од ќесите е најдена сметка со името на Солис на неа, се вели во полициската изјава.

Си-Ен-Ен не можеше преку онлајн судските записи да утврди дали Солис има правно застапување, но шерифот откри дека Солис има врски со МС-13, насилна криминална група со меѓународни врски со дрога и трговија со луѓе.

Сопругата на жртвата го пријави сопругот за исчезнат, а канцеларијата на шерифот испрати патрола пред да го предаде случајот на нивната единица за исчезнати лица. Единицата стапила во контакт со Uber Eats, која ги обезбедила последните познати ГПС координати на жртвата, што ги довело до домот на Солис.

Тие го нашле автомобилот на жртвата напуштен на околу половина километар од домот на осомничениот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја