Телефонски разговор Трамп-Путин

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговот руски колега, Владимир Путин денеска разговараа телефонски при што ги разгледаа состојбите на нафтените пазари во светот и проблемот со ширењето на коронавирусот.

– Претседателите ги разгледаа опцииите за поблиска соработка на двете земји во областа, соопшти Кремљ и додаде дека двајцата лидери се информирале за мерките што ги преземаат во нивните земји за борба против епидемијата.

Разговорот бил по иницијатива на американската страна, инфомира Кремљ. Двајцата претседатели се договориле и да продолат со дијалогот.

Во соопштението се вели и дека претседателите се договориле ситуацијата со нафтените пазари да продолжи да се разгледува на ниво на министерствата за енергетика на двете земји.

Во соопштение на руското МНР пак, се вели дека, по разговорорт Трамп-Путин, бил остварен разговор и меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Шефовите на диполматијата на двете земји се договориле да споделуваат информации за ситуацијата со светската пандемија на коронавирус.

Тие посебно се договориле за соработка со цел реализација на одлуките од самитот на групата Г20, кој се оддржа на 26 март преку видеоконференција.

Се разговарало и за други актулени прашања како ситуацијата во областа на стратешката стабилност и решавање на сириската криза. Покрај тоа, Лавров и Помпео разговаале и за „некои проблеми во билатералните односи“ меѓу двете страни.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп