Телефонски разговор Путин – Зеленски

Од:

Претседателот на Русија и на Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски денеска телефонски разговараа за развој на руско-украинските односи, соопшти Кремљ.

Како што се наведува во соопштението, Путин и Зеленски размената на заробеници помеѓу Киев и Донбас ја оцени како позитивен чекор, што е во согласност со Договорот постигнат на Самитот на Нормандиската четворка во Париз на 9 декември.

Тие разговараа и за Договорот за транзит на рускиот гас низ Украина.

– Страните ја истакнаа важноста на пакетот претходно постигнат, кој предвидува продолжување на транзитот на рускиот гас во Европа низ Украина, се истакнува во соопштението.

Телефонскиот разговор беше инициран од рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини