Телефонски разговор Оланд-Обама

Од:

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд и на САД Барак Обама попладнево имале телефонски разговор, соопшти Елисејската палата.

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, двајцата претседатели се договориле да работат заеднички за да ги испитаат со најголемо внимание, руските предлози за ставање на хемиското оружје на сирискиот режим под целсона меѓународна контрола и да се осигураат во неговото ефективно и целосно уништување.

Овие постапки според соопштението на Елисејската палата започнуваат денеска во ООН во перспектива на една можна резолуција на Советот за безбедност. Оланд и Обама заеднички потсетиле дека тие повеќе сакаат дипломатско решение, но исто така ја подвлекоа важноста да се остават отворени сите можни опции.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски