Телефонски разговор меѓу Зеленски и Трамп: Војната мора да престане

Од:

Заврши телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. По разговорот, се огласи украинскиот украинскиот лидер Володимир Зеленски.

„Разговарав со претседателот Трамп. Овој разговор се одржа откако претставникот на Трамп, Стив Виткоф, ја посети Москва. Нашата заедничка позиција со нашите партнери е апсолутно јасна – војната мора да престане. И мора да биде искрена. Европските лидери беа поканети и им сум благодарен на секој од нив за нивната поддршка. Разговаравме за она што беше наведено во Москва. Украина дефинитивно ќе го брани својот суверенитет. Сите сакаме траен и сигурен мир. Русија мора да ја заврши војната што самата ја започна. Ви благодарам на сите што стојат покрај Украина“, напиша Зеленски на социјалната платформа X.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“