Италијанската полиција и крајбрежната стража открија денеска тела на шест илегални имигранти на плажа близу Катанија. Продолжува акцијата за спасување на 50-на други имигранти кои пристигнале најверојатно од Сирија, јавуваат локални медиуми.
Не се знае од кое пристаниште тргнале имигрантите, но според локален претставник најверојатно сите се Сиријци.
Италијански медиуми известуваат дека шесте жртви се луѓе кои не знаеле да пливаат и се удавиле, обидувајќи се да стигнат до копно откако чамецот со кој пловеле заринкал во песок на околу 20 метри од брегот. Властите ги префрлаат на копно останатите од рибарскиот чамец.