Тела на 48 ученички пронајдени во кабина на потонатиот јужнокорејски таект

Од:

Спасувачки екипи пронашле во кабина на потонатиот јужнокорејски траект тела на 48 девојчиња, но извлекувањето на телата на жртвите е отежнато поради повеќе причини, соопштија денеска јужнокорејски официјални претставници.

Девојчињата биле откриени со појаси за спасување на себе во кабина што може да прими најмногу 30 луѓе.

Нуркачите од тимовите за спасување соочени се со разни проблеми – од слаба видливост до тоа што пречки при приодот кон бродот им прават разни предмети што се во водата. Дел од вратите на траектот не може да се отворат заради водениот притисок. Извлекувањето на довојчињата е отежнато и поради појасите за спасување кои се на нив. Отежната е работата на спасувачките тимови и поради силните струи што се појавија, јавуваат јужнокорејски медиуми.

Од 476 патници и членови на екипажот на траектот, 339 биле средношколци и професори кои оделе на излет. Досега се потврдени 162 жртви и околу 140 и понатаму се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски