Тел Авив: Се одржа Парадата на гордоста

Од:

Неколку десетици илјади луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Тел Авив која секоја година привлекува посетители од целиот свет.

Поворката со знамиња во боите на виножитото продефилира во приморскиот град.

-Годинава се навршуваат 20 години од првиот јавен геј настан, кој што го организираше градската управа на Тел Авив – истакна Мира Маркус од управата за меѓународна комуникација.

Покрај илјадниците израелски учесници на парадата присуствуваа повеќе од 25.000 туристи.

Од првиот собир во 1998 година, геј парадата во Тел Авив стана една од главните на светската геј и лезбејска сцена.

Наспроти непријателскиот став на ултра-ортодоксните Евреи, хомосексуалноста во Израел не е казнива од 1988 година, а судот призна и неколку права на геј и лезбејските парови.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ