Тед Круз: Тексас е стожер на Републиканската партија

Од:

Американскиот сенатор, Тед Круз во видео обраќање изјави дека доколку демократите ја освојат сојузната држава Тексас и нејзините 38 електорати, тоа би било погубно за Републиканската партија на САД.

Тед Круз соопшти дека Тексас е единствената најважна цел за опозициската партија оваа година, истакнувајќи дека тоа место е клучно за доминација на национално ниво, како и за освојување на извршната власт во САД.

„Доколку демократите победат во Тексас, тогаш тоа е крај“, рече сенаторот.

Според истражувачката куќа „Real Clear Politics“, актуелниот американски претседател Доналд Трамп е во предност со минимални 2 отсто од неговиот противник, демократот Џо Бајден, велат последните анкети.

Истото беше укажано и од републиканецот Кевин Мекарти кој гостувајќи на националната телевизија „Фокс Њуз“ рече дека од огромна важност е да се освои сојузната држава за републиканците поради тоа што ако еднаш се загуби во сојузната држава, тој не знае кога повторно би можела да се поврати истата.

Историски гледано, американската сојузна држава Тексас последен пат била освоена од демократите во далечната 1976 година со поранешниот претседател на САД, Џими Картер, кој освои само еден мандат, бидејќи беше поразен на претседателските избори во 1980 oд републиканецот Роналд Реган.

Би можело да ве интересира

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија