Техеран со порака до американската војска: Одбијте ги нелегалните наредби

Од:

Американската администрација има намера да го жртвува она што останало од меѓународното хуманитарно право и темелите на човековата етика и цивилизација на својата незаситна жед за војна и колење, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Според него, Вашингтон води политика која повикува на уништување на мостови и електрани, што е „очигледно нелегално и криминално“, објави Ал Џезира.

– Ова претставува одмазда и колективно казнување, кои се експлицитно забранети како воени злосторства според меѓународното хуманитарно право, рече Багеи.

Тој ги повика американските воени лица да одбијат „нелегални наредби“ и рече дека Иран „цврсто ќе се спротивстави на беззаконието“.

Портпаролот на иранската војска, Мохамед Акрамини, изјави дека иранската војска ќе продолжи со нападите во регионот сè додека САД не ги прекинат нападите врз Иран.

Тој нагласи дека Иран е подготвен за „секое непријателско сценарио“.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи