Техеран предупредува за опасност од граѓанска војна во Египет

Од:

Врховниот ирански лидер ајатолах Али Хаменеи предупреди дека во Египет има опасност од граѓанска војна.

– Загрижени сме од она што се случува во Египет. Веројатноста од граѓанска војна секојдневно се зголемува, што би било катастрофално, истакна ајатолахот.

Тој го повика египетскиот народ, политичките и религиозни лидери и интелектуалците да ги разберат опасностите од продолжување на таа ситуација.

Хаменеи го осуди и „масакрот на народот и користењето на јазикот на силата“ од различните страни во конфликтот, предупредувајќи за мешањето на странските сили.

– Ако граѓанската војна почне, ништо нема да ја запре, истакна ајатолахот.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден