Техеран: „Пламенот на војната ќе го зафати целиот регион“

Од:

Централната команда на Хатам ал-Анбија на иранската ИРГК изјави дека Техеран нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со Ормускиот теснец, предупредувајќи дека ширењето на војната во регионот ќе ги загрози сите земји на Блискиот Исток.

Централната команда на Хатам ал-Анбија во соопштението изјави дека Иран „под никакви околности“ нема да им дозволи на САД да интервенираат во управувањето со Ормускиот теснец.

„Одговорноста за несигурноста и проширувањето на кругот на војната во регионот лежи кај САД и земјите што соработуваат со нивната војска“, се вели во соопштението, според Ал Џезира.

Иран предупреди дека, како што е наведено, „американските авантури и обиди за мешање во управувањето со Ормускиот теснец“ би можеле сериозно да ја загрозат безбедноста на регионот, меѓународната трговија и преминувањето на бродови.

„Доколку војната во регионот се прошири, нејзиниот пламен ќе ги зафати сите земји во областа“, соопшти Централната команда на Хатам ал-Анбија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Што остана од клучниот саудиски нафтовод

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали