Техеран не попушта: Одбиен е новиот ултиматум од Трамп

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на деблокирање на Ормуската Теснина во рок од 48 часа, предупредувајќи дека во спротивно „целиот пекол ќе падне врз Иран“.

Иранските вооружени сили остро ги отфрлија ваквите закани, оценувајќи ги како неосновани и провокативни.

– Агресивниот и воинствен американски претседател, откако претрпе последователни порази, почна на беспомошен, нестабилен, нервозен и глупав начин да ја загрозува инфраструктурата и средствата на Иран, изјави генералот Али Абдолахи, началник на Командата на иранските вооружени сили, пренесува иранската државна телевизија.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран повторно се зголемуваат, додека Ормуската Теснина останува една од најчувствителните точки за глобалната енергетска безбедност.

Би можело да ве интересира

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“

Тасним: Неколку американски војници загинаа во спасувачка операција во Иран

(ВИДЕО) САД објавија видео од напад врз Техеран: „Убивме многу ирански воени лидери“

Трамп: Можеме да постигнеме договор со Иран утре, или можеме сè да дигнеме во воздух и да ја земеме нафтата

Трамп: Отворете го проклетиот Ормутски теснец

Иран: Следната фаза ќе биде многу поразорна