Тедрос: Светот посветува многу помалку внимание на кризите надвор од Украина

Од:

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го осуди светот за неговата речиси целосна преокупација со војната во Украина и занемарувањето на последиците од другите војни и кризи во светот.

Гебрејесус рече дека другите кризи, вклучително и во неговата земја, Етиопија, не добиваат подеднакво внимание, можеби, како што рече, затоа што оние што страдаат не се белци.

Генералниот директор на СЗО рече дека не знае „дали светот навистина посветува подеднакво внимание на животите на белците и црнците“.

– Целото внимание посветено на Украина е, се разбира, многу важно бидејќи има влијание врз целиот свет, но ниту дел (од тоа внимание) не е посветен на Тиграј, Јемен, Авганистан, Сирија и сите други кризи и конфликти, рече тој.

Тедрос рече дека опсадата на етиопскиот регион Тиграј од силите на Еритреја и Етиопија е една од најдолгите во модерната историја и посочи дека неодамна постигнатото примирје сè уште не овозможило пристигнување на значителна количина хуманитарна помош.

– Морам да бидам директен и искрен и да кажам дека светот не се однесува на ист начин кон човечката раса. Некои се поеднакви од другите, рече тој.

Тедрос истакна дека во Тиграј живеат околу 6.000 луѓе со ХИВ, но оти дека властите веќе не знаат каде се тие луѓе и се претпоставува дека многу од нив веќе починале.

Тој ја опиша ситуацијата во Тиграј како „трагична“ и рече дека се надева оти на светот „ќе му дојде памет“ и ќе ги третира сите човечки животи подеднакво.

Тој, исто така, ги критикуваше медиумите дека не ги документираат злосторствата во Етиопија, посочувајќи дека во областа се палат живи луѓе.

– Не знам ни дали медиумите го сфатија тоа сериозно, рече Тедрос.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он