Тедрос: Многу сум разочаран од одлуката на САД за абортусот

Од:

Генералниот секретар на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека е многу разочаран од одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи историската пресуда со која се легализираше абортусот во САД.

„Многу сум разочаран бидејќи правата на жените мора да се заштитат. И очекував Америка да ги заштити тие права“, изјави Тедрос на маргините на самитот на Комонвелтот во Руанда.

Врховниот суд на САД денеска ја укина пресудата стара 50 години со која се легализираше абортусот низ целата земја, поради што милиони жени го изгубија своето законско право на абортус.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД