Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека има „многу мали шанси да се спречи геноцид“ во неговиот роден регион Тиграј во северна Етиопија.

Тедрос, кој претходно беше министер за здравство и министер за надворешни работи на Етиопија, остро ги критикуваше етиопските власти за време на двегодишната војна.

Владата, пак, го обвини дека се обидел да набави оружје и да обезбеди дипломатска поддршка на бунтовничките сили, што тој го негираше.

Во своите најостри коментари за војната досега, Тедрос изјави во Женева дека храната и здравствената заштита се користат како воено оружје во Тиграј, кој во голема мера е отсечен од надворешниот свет.

„Не постои ниту една друга ситуација во светот во која шест милиони луѓе се држат под опсада речиси две години“, рече Тедрос и посочи дека има мали шанси да се спречи геноцид.

Етиопската влада постојано негира дека ги блокирала хуманитарните испораки за Тиграј или дека нападнала цивили. Во конфликтот во таа област досега загинаа илјадници луѓе, милиони се раселени, а стотици илјади луѓе се на работ на глад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он

Убиени најмалку 260 цивили во вооружен напад во Етиопија

А1он