Џон Шиптон, таткото на основачот на Викиликс, бара од од австралиските власти да го вратат Асанж во Австралија.
Тој рекол дека е шокиран од тоа како изгледа Асанж во моментов.
“Видов како полицајците мораа да го носат до крајот на скалите. Не изгледаше добро. Јас имам 74 години и сум во подобра форма од него, а тој има само 47 години. Тоа е шокантно.”, рекол Шиптон и додал дека Асанж со месеци живеел како затвореник во затвор со висок степен на обезбедување и дека камерите го следеле секој негов чекор.
Медиумите јавуваат дека тој го посетувал Асанж секој Божиќ во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Шиптон во изјава за Sunday Herald Sun рекол дека австралиското министерство за надворешни работи и премиерот треба да преземат мерки за да го вратат неговиот син во Австралија.