Татко ги силувал и ги снимал своите три ќерки, па тие го убиле

Од:

Три сестри тинејџерки, Крестина, Ангелина и Марија го убиja нивниот татко Михаил Качатуријан (57), бидејќи, како што тврдaт, ги силувал и со нив снимал порнографски материјал. Во прилог на ова, московскиот суд одлучи да поведе правна постапка против таткото постхумно.

Како што пишува Мирор, сестрите се првенствено обвинети за убиство, бидејќи призна дека го убиле својот „татко тиранин“ поради постојано силување и тепање.

Наведено е и дека ги принудил сами да си ги копаат гробовите.

Признале и дека го убиле со нож.

Обвинителот повторно го отвори случајот, а сестрите се надеваат дека овој пат ќе добијат ослободителна пресуда.

Адвокатот на една од сестрите, Мари Давтијан, изјави дека истрагите потврдија дека таткото бил насилен кон ќерките и дека го убиле во самоодбрана.

Експертите констатираа дека секоја сестра поединечно трпела насилство од 2014 година и поминала низ посттрауматски стрес поради злоупотребата, рече бранителот.

Потврдено е дека девојчињата не можеле да се обратат кај никого за помош бидејќи немаат други роднини. Тие во моментов немаат право да комуницираат меѓу себе, туку само преку адвокати.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала