Танкер погоден во Ормутскиот теснец

Од:

Танкер бил погоден од „непознат проектил“ во Ормутскиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO).

Моторот на бродот бил оштетен, соопшти агенцијата, додавајќи дека никој не е повреден и немало еколошка штета.

Инцидентот се случил околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, според UKMTO. Иран бара бродовите да ја користат рутата на Ормутскиот теснец по должината на неговиот брег, постојано тврдејќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна.

Спорот околу навигацијата низ стратешкиот воден пат, клучен транзитен пат за глобални пратки на нафта, гас и ѓубриво, стана централна точка во конфликтот меѓу САД и Иран.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски