Танго за тројца: Сонцето, Земјата и Венера

Од:

Астронаутите се подготвуваат за највозбудливата игра во сончевиот систем која ќе се повтори дури по 105 години. Земјата, Сонцето и Венера ќе се најдат во иста линија.

Овој космички танц, познат како „транзит“ на Венера, ќе бидеме можеме да го видиме на 6. јуни, околу еден час пред изгрејсонце.

Ова поминување на Венера пред Сонцето е една од најочекуваните појави.

Венера ќе помине помеѓу Земјата и Сонцето и ќе се забележи како мала црна точка околу која Сонцето ќе сјае како диск.

Ако нема облаци, луѓето од Северна, Централна и дел од Јужна Америка ќе можат да уживаат во преминувањето уште вечерта на петти јуни.

Целата појава ќе биде видлива од источна Азија и западен Пацифик, додека Европејците и луѓето од Блискиот Исток и Јужна Азија ќе можат да го проследат феноменот на крајот, односно на 6. јуни пред изгрејсонце.

Линијата ќе биде видлива и од источна Азија и западен Пацифик, додека Европејците и на жителите на Блискиот Исток и Јужна Азија ќе го гледаат крајот на овој феномен.

На западниот и југозападниот дел од Африка и поголемиот дел од Јужна Америка спектаклот ќе може да се види исклучиво преку интернет.

Ваквите „транзитирања“ на Венера немаат одредена периодика кога се случуваат. Тие се повторуваат по одредени изместени комбинации, на пример по декември 1882. година, следеше „транзит“ во јуни 2004. година, по кое следува ова на 6.6. 2012. година. Целиот настан ќе трае точно 6 и пол часа. Научниците предупредија да се користи соодветна заштита додека се гледа во сонцето.

Наредното е во декември 2117 година, а потоа во декември 2125 година.

 

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ