Тампон зона кај Кобане не е меѓу воените опции на Пентагон

Од:

Пентагон синоќа соопшти дека идејата за создавање тампон зоната кај Кобане, што ја предложи Турција, не е меѓу разгледуваните варијанти за воените активнвости, но призна дека е темата која се разгледува со Анкара.

– Тоа не е ново прашање, изјави портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Керби на прес-конференција, нагласувајќи дека Турција веќе подолго време пројавува интерес за таква тампон зона.

– Не е на масата на воените опции што ги разгледуваме. Имајќи го предвид кажаното, мислам дека тоа е тема за натамошни дискусии, забележа Керби.

Според него, воздушните напади сами по себе нема да го спасат градот Кобане.

– Нам ќе ни бидат неопходни обучени војници, борци од редовите на бунтовниците во Сирија или владините ирачки сили, за да ја победиме Исламската држава, но тоа ќе ни одземе време, дополни тој.

– Во моментов немаме партнер-доброволец, кој ќе е способен и ефикасен на теренот, внатре во Сирија. Тоа се фактите, рече Керби.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација