Лидерот на авганистанските талибански бунтовници, мула Омар е жив и секојдневно ги следи случувањата, се наведува во документот објавен на талибанска интернет-страница, по повод одбележувањето на 19-годишнината откако тој раководи со талибанците.
Документот, објавен на четири јазици ги отфрла гласините дека мула Омар, кој повеќе од една деценија се крие, или е мртов или е тешко болен, пренесува Фена.
Стејт департментот понуди награда од 10 милиони доалри за мула Омар, кој не се има појавено во јавност од инвазијата на Авганистан во 2001 година.