Талибанците се закануваат дека ќе продолжат со напади и го отфрлаат извештајот на ОН

Од:

Талибанските бунтовници денеска се заканија дека ќе продолжат со нападите врз претставници на авганистанската Влада и врз цивили за кои ќе проценат дека се поврзани со меѓународната коалиција предводена од САД, притоа отфрлајќи го извештајот на ОН, во кој тие се обвинуваат за најголемиот број жртви во Авганистан.

Претставникот на талибанците Забијулах Муџахид го отфрли годишниот извештај на Мисијата на ОН во Авганистан, во кој бунтовниците се обвинуваат за напади врз цивили и дека се причинители за најголемиот број жртви во војната која ја водат против Владата на претседателот Хамид Карзаи и странската воена коалиција во земјата.

– За жал извештајот што го објави шефот на Мисијата на ОН во Кабул за цивилните жртви во земјата не е непристрасен, истакна Муџахид.

Во документот, кој е објавен на почетокот на оваа недела, се наведува дека талибанците и другите бунтовници се одговорни за над 80 отсто од вкупно 2.754 цивилни жртви минатата година.

Муџахид, меѓутоа, изјави дека талибанците многумина од убиените не ги сметаат за цивили, туку за криминалци кои „директно се вмешани во продолжувањето на инвазијата врз земјата“, додавајќи дека тие имаат обврска да ги „елиминираат“.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети