Портпаролот на движењето на талибанците во Авганистан изјави дека екстремистите си поставиле цел да го убијат британскиот престолонаследник принцот Хари, кој повторно е во Авганистан, четири години откако првата мисија беше прекината предвремено поради неговата безбедност.
АФП цитира изјава на портпаролот на движењето Забихула Моджахед, според кого талибанците имаат план за напад врз третиот по ред наследник на британскиот престол во јужната провинција Хелманд.
“Ќе направиме се што е можно да го убиеме принцот Хари и другите британски војници стационирани во Хелманд. За нас не е важно да го убиеме “, изјави портпаролот.
Дваесет и седум годишниот принц Хари, кој е пилот на хеликоптерот Apache, ќе помине четири месеци во британската база Кемп Бастион во авганистанската провинција Хелманд.
“Секој кој војува во нашата земја е наш непријател и ќе направиме се што е во наша моќ за да го убиеме”, додава Забихула Моджахед.
Во 2008. година принцот Хари беше изваден од Авганистан предвреме, откако информациите за негово распоредување беа распространети од британските медиуми.
Министерството за одбрана на Велика Британија објави официјално соопштение, според кое безбедносната ситуација на принцот Хари е под постојана оценка.