Талибанците сакаат дипломатски односи со Германија

Од:

Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан, сакаат Германија да воспостави дипломатски односи со нив и да им помогне. Ова за весникот „Велт ам Зонтаг“ го изјави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид, јави ДПА.

„Сакаме силни и формални дипломатски односи со Германија“, рече тој. Талибанците исто така би сакале да добијат финансиска поддршка и хуманитарна помош од Германија, како и други земји, за да соработуваат во здравството, земјоделството и образованието.

„Во минатото, Германците секогаш биле добредојдени во Авганистан, рече Муџахид. За жал, тогаш тие им се придружија на Американците. Но, сега им е простено”, рече тој.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека Берлин може да ја продолжи помошта за развој за Авганистан, но еден услов е Талибанците да формираат широка влада. Другите се дека треба да обезбедат да не ги засолнат терористите, да ги почитуваат човековите права, а особено женските права, да не го попречуваат пристапот до хуманитарна помош и да дозволат странци и ранливи Авганистанци да ја напуштат земјата.

Германија ја затвори својата амбасада во Кабул и ја прекина помошта откако талибанците ја преземаа власта минатиот месец. Сепак, Берлин вети дека ќе обезбеди хуманитарна и итна помош за поддршка на бегалците – и во Авганистан и во странство. Оваа помош ќе биде обезбедена преку хуманитарни организации.

Би можело да ве интересира

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски