Талибанците предложија размена на петмина нивни команданти, држани во Гвантанамо

Од:

Авганистанските талибанци соопштија дека се подготвени да го ослободат американскиот војник Бови Баргдал, киднапиран во 2009 година, доколку бидат пуштени на слобода петмина нивни команданти, држани во затворот во Гвантанамо, пренесоа американските медиуми.

Портпаролот на талибанците Шахин Сухаил во телефонско интервјуза американски медиуми кажа дека „колку што знае“ наредникот Баргдал е во добра здравствена состојба, но не сакаше да даде детали за тоа каде се наоѓа.

Американецот исчезна во источен Авганистан на 30 јуни 2009 година.

Прашањето за размената на заробеници може да биде разгледано на преговорите во Доха, каде во вторникот талибанците ја отворија својата политичка канцеларија, пренесоа руските медиуми, цитирајќи претставник на талибанците од Исламабад.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан