Стотици талибански бунтовници почнаа офанзива за заземање на северниот авганистански град Кундуз, кој минатата година неколку дена беше во нивни раце, соопштија локалните власти.
Офанзивата кон Кундуз почна само неколку дена, откако талибанците го објавија почетокот на пролетната офанзива.
Во шест окрузи на провинцијата Кундуз и околу провинцискиот главен град вчера избија судири меѓу талибанские борци и авганистанските сили за безбедност, кои продолжија изминатата ноќ.
– Се водат жестоки судири, но бунтовниците не презеле ниту еден регион, ние ги спречивме, изјави началникот на полицијата во Кундуз, Мохамад Касим Џангалбаг.
Талибанците на кусо го презедоа крадот Кундуз минатата година, нанесувајќи сериозен удар на Владата на претседателот Ашраф Гани. Тие се заканија и дека ќе воспостават контрола и врз јужната провинција Хелманд, каде зазедоа неколку окрузи.