Илјадници талибански бунтовници минатата ноќ извршија напади врз повеќе контролни пунктови на авганистанските безбедносни сили во областа Јамган во североистичен Авганистан, при што презедоа контрола врз поголемиот број од нив, јави ДПА.
Претставник на локалните власти во Јамган во изјава за агенцијата нагласи дека талибанците презеле контрола врз поголемиот дел од областа и дека безбедносните сили се повлекле од таму.
Полицискиот портпарол Лал Махамад Ахмадзаи пак информира дека бунтовнците се доближиле до главното седиште на полициајта во Јамган и дека се уште водат жестоки борби со безбедносните сили.
Заменик началникот на полицијата во провинцијата Бадахшан, во која се наоѓа Јамган, Сали Дад Хајдари изјави дека на авганистанските сили им е потребна воздушна поддршка за справување со талибанците.