Талибанците ја почнаа „пролетната офанзива“ со напад врз аеродромот во Кабул

Од:

Талибанците денеска ја почнаа својата годишна „пролетна офанзива“ со ракетен напад врз аеродромот во Кабул. Нема жртви во нападот, соопштија авганистанските власти.

Повеќе од две ракети експлодираа во пет часот изутрина по локално време, откако бунтовниците најавија нови операции против меѓународните сили предводени од САД и против објекти на авганистанската Влада.

Талибанските лидери се заканија минатата недела дека со новата офанзица ќе ја исчистат земјата од „нечистотијата од неверниците“.

Меѓународните сили во Авганистан – ИСАФ соопштија дека освен аеродромот во Кабул, цел на напад бил и аеродромот Баграм, кој е најголема база на ИСАФ во земјата.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите на својот налог на Твитер, заканувајќи се со нови напади.

Околу 51.000 војници на НАТО, кои се уште се во Авганистан, треба да ја напуштат земјата до декември, а само помал број од нив ќе останат подолго поради обука на авганистанските сили за безбедност и антитерористички операции.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски