Талибанците и Владата во Авганистан ги продолжуваат преговорите во Доха

Од:

Авганистанската Влада и претставниците на Талибанците во земјата ги продолжуваат преговорите, втор ден по ред,во главниот град на Катар, Доха. И покрај вчерашниот гест на Талибанците, кои ослободија 22 владини војници, крајот на разговорите останува непредвидлив поради длабоките разлики меѓу двете страни. Војната во Авганистан трае веќе 19 години.

Главните теми на разговор се прекинот на огнот, видот на државниот режим и други нерешени социјални и економски прашања.

Вчера, на почетокот на разговорите, преговарачот на авганистанската Влада, Абдула Абдула, го изрази главното барање на Кабул за хуманитарен прекин на огнот. Талибанците, од своја страна, соопштија дека огнот може да се запре еднаш и засекогаш, ако исламскиот закон биде воведен како официјален систем на управување на земјата.

Владиниот тим за преговори вклучува четири жени од вкупно 21 лице, а нема ниту една од редовите на Талибанците.

Многу Авганистанци стравуваат од делумно или целосно враќање на Талибанците на власт.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

(ВИДЕО) Гори елитен хотел во Доха

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена