Талибанците го укинаа Министерството за жени и воведоа ново за спречување на пороци

Од:

Талибанците воведоа „Министерство за спречување пороци и промовирање доблести“ на местото на досегашното Министерство за жени, а промената има за цел да го наметне ригидното толкување на исламот.

Потегот на талибанците е последен во серијата што го прикажува нивното враќање на  политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, што ја спроведуваа и кон крајот на 90 -тите години кога владееја со Авганистан, пренесува Н1.

Кога на 7 септември ја соопштија привремената влада талибанците не го спомнаа Министерството за жени, но не кажа ниту дека ќе го укинат.

Денеска и персоналот на Програмата за економско зајакнување и рурален развој на Светска банка беше испратен од теренот. Членот на програмата, Шариф Актар, не можеше да објасни како и дали програмата ќе може да продолжи со работа.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он